Ќе предложи ли Комисијата за заразни болести укинивање на полицискиот час?

Комисија за заразни болести денеска со почеток во 11 часот треба да одржи седница на која ќе решава какви мерки ќе се спроведуваат во Македонија од утре во врска со корона вирусот. Дали од утре ќе нема полициски час во земјава или пак тој ќе остане на сила? Ова вчера го најави директорот на Институтот за јавно здравје-Скопје Арбен Зибери кој рече дека ќе се анализира.

-Во Скопје имаме 15 фамилии од кои потекнуваат 90 проценти од бројот на новозаболени во градот. Но ситуацијата ја имаме под контрола, ги знаеме каде се. Охрабрувачки е тоа што опаѓа вирулентноста на вирусот, изјави Зибери.

Инаку, воведувањето на тридневен полициски час предизвика незадоволство кај голем број од граѓаните посебно во Скопје. Тие не гледа никаква логика да се затвоти целиот град, а жариштета да се знааат и да се само 15 фамилии во определени општини. 

Можноста од утре да нема полициски час на последната конференција за печат ја најави и министерот за здравство Венко Филипче.

-Правиме анализи и може да се очекува да од понеделник немаме мерки за ограничување на движењето, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Тој дири и објасни дека до крајот на неделата се очекува намалувањето на бранот на новозаболените и дека ситуацијата целосно ќе се промени.

-Иако бројката на новозаболените е голема таа се шири во рамките на кластерите. Комисијата за заразни болести во наредниве два дена ќе прави анализи и одлуката за полицискиот час од понеделник ќе биде донесена во недела попладне или понеделник, потенцира Филипче.

За одлуката ќе биде важен и денешниот број на новозаболените лица. Вчера беа регистрирани сто дваесет и пет случаи на заболени од Ковид-19 и двајца починати. Ден претходно, имаше 18 нови случаеви.

Претходна вестСонце со умерена облачност, попладне можен е дожд
Следна вестШилегов и од Маврово цело време на Скопје мисли