Се изврши дезинфекција на Кејот, ќе се прави ли тоа почесто со контејнерите?

Екипите на Град Скопје и екипите на Противпожарната бригада на Скопје денеска спроведоа акција за миење и дезинфекција на кејот на реката Вардар. Миењето се реализираше со цистерни со специјално средство за дезинфекција на јавните површини, а се дезинфицираше и урбаната опрема.

-Град Скопје континуирано реализира активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот, а во текот на изминатиов период ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно спроведува машинско миење со автоцистерни и дезинфекција на поголемите улици и булевари во сите скопски општини, како и рачно миење и дезинфекција на најфреквентните јавни површини во централното градско подрачје. Постојано се дезинфицираат и садовите за собирање отпад поставени на територијата на градот Скопје – подземните и надземните контејнери и нивната микролокација, соопштија од Градот.

Сето ова е добро и за пофалба, но наши читатели ни пишуваат со укажување дека недоволно често или некаде и воопшто се дезинфицираат контејнерите. Да се надеваме дека од Град Скопје ќе ги преземат соодветните мерки за да се отстрани тој недостаток.

Претходна вестДефектот од недовршените работи 
Следна вест125 новозаразени – најмногу во Скопје, починаа двајца пациенти