Утре ќе се прска против комарци во Скопје

Терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци, ќе започне на 08.06.2020 година (понеделник) и ќе се врши до 12.06.2020 година (петок), во период од 22 до 03 часот наредниот ден, соопшти денеска Градот Скопје.

-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се наведува во соопштението.

Претходна вест125 новозаразени – најмногу во Скопје, починаа двајца пациенти
Следна вестСонце со умерена облачност, попладне можен е дожд