И покрај големите бројки на новозаразени лица во Македонија, министерот за здравство Венко Филипче пред малку истакна дека нема потреба од продолжување на вонредната состојба во земјата.
– Сметам дека сега, во овој момент не е потребно продолжување, а што се однесува до имплементирањето на мерките и можноста да има рестрикции во движењето доколку се одлучи дека е потребна, за тоа има можности и без вонредна состојба, посочи Филипче.
На прашањето дали како лекар смета дека е безбедно да се одржат парламентарните избори Филипче рече дека се зависи од почитувањето на превентивните мерки.
-Било кој настан да се организира, ако се почитуваат превентивните мерки и протоколи, е безбедно за граѓаните. Таму каде што има прекршување на мерките има заразување, рече тој.