Вкупно 620 граѓани направиле прекршок со ненеосење на заштитни маски во текот на изминатово деноноќие, соопшти денеска МВР. Тие ќе треба да платат казна од 20 евра во денерска противвредност.
-Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава на 324 лица им се издадени решенија за изолација, а 88 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација, се наведува во соопштението.