Нови 193 нови случаи на заразени од Ковид-19 во последните 24 часа, а починаа 9 лица. Направени 1.391 тестирање, соопшти Министерство за здравство за изминатово деноноќие.
Како и во претходните денови и сега најголем број од новозаразените се од Скопје – 140, а потоа следат: Куманово 2, Дебар 1, Штип 6, Тетово 19, Струга 5, Велес 2,
Охрид 11, Гостивар 4, Свети Николе 1 и Ресен 2.
-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни. Во ГОБ „8 септември” починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни. Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни, се наведува во информацијата. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од: Скопје 35,-Куманово 1,Штип 6,Тетово 1, Струга 1, Гостивар 1 и Валандово 1.
-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.482. Бројката на оздравени пациенти е 1.803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.469, информира Министерството.
Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.