15 политички партии или коалиции, со преку 1.500 кандидати на нивните листи за неколку дена официјално ќе тргнат во кампања, во обид што подобро да ја претстават својата програма и да ги освојат симпатиите на гласачите. Кампањата завршува на 12 јули на полноќ, а веќе следниот ден ќе гласаат заразените од Ковид-19 и лицата кои се во домашна самоизолација или државен карантин.
Прашање е дали е потребно сите кандидати за пратеници, без разлика што најавија дека нема да прават големи собирања, задолжително пред почетокот на кампањата, да направат тестови за Ковид-19. ДИК, веќе објави дека сите што ќе се заразат од вирусот по 6 јули не ќе можат да гласаат. Но што е со кандидатите што евентуално би се заразиле, дали ќе можат да тераат кампања?
Прашањето за задолжителниот тест се поставува и за лицата од изборните комисии и сите кои ќе бидат непосредно вклучени во во изборниот процес. Потребна е огромна претпазливост во изборниот процес, за да се спречи на крајот на јули да имаме „изборен кластер“ на заразата.
На потег се надлежните!