Туристичките агенции бараат отворени граници без домашна самоизолација

Туристичките агенции бараат веднаш да се отворат границите, без условот за задолжителните 14 дена домашна самоизолација или државен карантин. Според нив, отворањето на границите под сегашните услови ја оневозможува нивната работа и велат дека никој нема да патува под вакви услови.
За да им се олесни работењето тие од Владата бараат:
– неповратна месечна финансиска помош за покривање на режиските трошоци. За помалите агенции до 5 вработени, помошта да биде 500 евра месечна субвенција, а над 5 вработени по 1.000 евра додека трае ситуацијата и наназад од затворањето на границата, април, мај и јуни.
– продолжување на мерката покривање плати на сите вработени во туристичкиот сектор додека трае пандемијата, минимална плата во државата 14.500 денари, со 100 отсто платени придонеси. И да им се помогне на новоформираните агенции, кои ја немале можноста воопшто да почнат со работа и се ставени во ситуација да отпуштаат вработени поради тоа што немаат приходи.
– ослободување од плаќање ДДВ, данок на добивка и аконтација за данок на добивка до крајот на годината.
– за туристичките агенции кои имаат подигнато кредити во комерцијалните банки (за закупи, за одржување на тековната ликвидност), бараат да се донесе уредба за одлагање на нивното враќање за една година.
– за кредитите одобрени од Развојната банка, како една од веќе донесените мерки, да се зголеми грејс-периодот од 6 на 12 месеци.
Претходна вестПендаровски: Се додека не се пронајде вакцина, вирусот ќе биде наша реалност!
Следна вестДали кандидатите задолжително ќе се тестираат пред почетокот на кампањата?