Игротеките се уште чекаат Владата да им пише!

Нема одговор од Владата на барањата што игротеките ги доставија до неа уште пред 20-тина дена. Додека чекаат Владата да им одговори, повторно потсетуваат дека се меѓу најпогодените од кризата.
Тиее од Владата побараа: обезбедување помош за заштита во просториите, покривање на трошоците за јунските плати, датум за отворање и точен и јасен протокол како да работат.
– Четврти месец како не работиме. Некои од нас ставија и клуч на врата, се жали Трајко Николовски, претседател на Групацијата за забавни и рекреативни дејности при Сојузот на стопански комори на Македонија и објаснува:
– Побаравме помош и упатства од Владата, но досега немаме ништо официјално и конкретно, освен информацијата дека нашите барања ќе бидат проследени до кабинетот на Премиерот и до ресорните министерства.
Денес ќе поднесеме нова иницијатива до Комисијата за заразни заболувања, во која бараме средба за да разговараме за утврдување на протоколи како да работиме.
Додека чекаат одговор од Владата, тие, како што вели Николовски, ги пребројуваат последните средства за да ги покриваат трошоците, да плаќаат кирии и да ги спасат работните места.
– Се надеваме дека наскоро ќе започнеме со работа. На нашите игротеки им фали детската радост – потенцира Трајко Николовски

Претходна вестШто не можеа да му простат на Кочо Рацин?
Следна вестБухова: Во Скопје има 20 големи кластери на заболени од корона вирусот