Бухова: Во Скопје има 20 големи кластери на заболени од корона вирусот

Во Скопје има околу 20 кластери на заболени од корона вирусот што е речиси половина од вкупниот број на кластерите во земјава кој е околу 40, изјави денеска директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Сотирова-Бухов. Таа објасни дека бројот на заболените почнал да се зголемува посебно од 24 мај кога се олабавени рестриктивните мерки, најмногу заради непочитувањето на превентивните мерки.
-Во цела земја имаме повеќе од 40 големи кластери, а само во Скопје се 20. Тоа се кластери мекици во Охрид, слава во Ресен, свадба во Скопје, ифтарски вечери и масовни погреби… Полицијата требала сите овие големи прослави да ги спречи. Не можам да поверувам дека полицијата не ги забележала, рече Сотирова-Бухова.
Директорката укажа и на тоа дека голем број од заразените не ги даваат контактите, кажуваат грешни податоци или пак одбиваат да ги примат решенијата за самоизолација.
– Кај кластерот свадба – Скопје имаме 14 заразени и, замислете, ниту еден контакт, кај кластерот мекици – Охрид има 21 заразен и 200 контакти, куќна слава – Ресен има 31 позитивен и над 70 контакти. За жал, имавме и погреби со голем број присутни, а според протоколите не смеат да присуствуваат повеќе од 5 лица. Тешко успеваме да добиеме
информации, ни кажуваат имиња и презимиња со неколку букви различни, непостоечки телефонски броеви и електронски адреси, грешни домашни адреси. Луѓето не ни отвораат врата и одбиваат да ги земат решенијата за
изолација, рече Бухова.

Претходна вестИгротеките се уште чекаат Владата да им пише!
Следна вестВикендов ќе се прска против комарци