Викендов ќе се прска против комарци

На подрачјето на градот Скопје на 20 и 21 јуни (сабота и недела) во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, соопштија денеска од Градот Скопје.
-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето надезинсекцијата, прскањето против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, се наведува во информацијата.
Пчеларите се повикуваат навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Претходна вестБухова: Во Скопје има 20 големи кластери на заболени од корона вирусот
Следна вестПриведено 16-годишно девојче за поседување марихуана