Се уште има ресторани што ги прекршуваат протоколите

-Најголемиот број од инспекциските надзори (4.862 контроли) се направени од инспекторите од Државниот пазарен инспекторат со поддршка на финансиска полиција, или со припадници на полицијата. При тоа се утврдени девет прекршувања на протоколите, од кои седум се однесуваат на протоколот за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти, и тоа четири во Скопје, по еден во Битола, Струга и Тетово, и два прекршока на протоколи во обложувалници во Тетово и Гостивар за што се предложени и соодветни кривични и прекршочни санкции. Воедно
констатирани се незначителен број, или вкупно шест прекршоци во трговија за непочитување на одлуките за лична заштита и ред или за прекршување на уредбата за замрзнати цени, при што е укажано на правните лица и веднаш
постапено, информираше претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на редовна прес-конференција.

Претседателката на Инспекциски совет истакна и дека Државниот инспекторат за труд беше особено активен, при што реализираше вкупно 670 контроли кај работодавачи, во коишто се вработени вкупно над 12.000 лица.

-За периодот од 10 до 16 јуни од страна на овој инспекторат донесени се 25 решенија и 25 укажувања на работодавачите за носење заштитни маски, заштитни ракавици, користење средства за дезинфекција, проветрување, ослободување на вработените од ризичните групи, посочи Филиповска-Грашкоска.
Претседателката на Инспекциски совет, соопшти и дека Владата на 69-та седница, одржана на 16 јуни, го усвои Протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други објекти за сместување), со кои се предвидени процедури за хотелскиот дел, ресторански процедури, употребата на санитарните јазли, општи препораки за гостите и препораки за постапување при појава на случај со симптоми со Ковид-19.

-Ги повикувам хотелиерите, кои го очекуваа овој протокол, сериозно да пристапат кон правилна примена на сите мерки од него, но и за сите други протоколи кои се однесуваат на работните места или организација на конференции, состаноци и други видови обуки. Сите овие протоколи се значајни пред сè за заштита на јавното здравје, заштита на гостите и посетителите на хотелите и заштита на персоналот кој работи во хотелите.
Протоколите кои се однесуваат на мерките за превенција и спречувањето на ширењето на коронавирусот Ковид-19, по објавата во ‘Службен весник’, се објавуваат и на специјализираната веб-страница koronavirus.gov.mk, каде што сите заинтересирани може да се информираат за сите мерки што Владата ги носи“, информираше Филипоска-Грашкоска.

Претходна вестПробале метален стол да исфрлат преку канализација – ја запушиле!
Следна вестУапсена скопската измамничка осудена на 17 години затвор