Дали кандидатите задолжително ќе се тестираат пред почетокот на кампањата?

15 политички партии или коалиции, со преку 1.500 кандидати на нивните листи за неколку дена официјално ќе тргнат во кампања, во обид што подобро да ја претстават својата програма и да ги освојат симпатиите на гласачите. Кампањата завршува на 12 јули на полноќ, а веќе следниот ден ќе гласаат заразените од Ковид-19 и лицата кои се во домашна самоизолација или државен карантин.
Прашање е дали е потребно сите кандидати за пратеници, без разлика што најавија дека нема да прават големи собирања, задолжително пред почетокот на кампањата, да направат тестови за Ковид-19. ДИК, веќе објави дека сите што ќе се заразат од вирусот по 6 јули не ќе можат да гласаат. Но што е со кандидатите што евентуално би се заразиле, дали ќе можат да тераат кампања?
Прашањето за задолжителниот тест се поставува и за лицата од изборните комисии и сите кои ќе бидат непосредно вклучени во во изборниот процес. Потребна е огромна претпазливост во изборниот процес, за да се спречи на крајот на јули да имаме „изборен кластер“ на заразата.
На потег се надлежните!
Претходна вестТуристичките агенции бараат отворени граници без домашна самоизолација
Следна вестДенес пресуда: решетки или слобода за Боки и Катица