Чадорите при рака и денес

Како во изминативе денови, така и денеска на скопското подрачје во претпладневните чесови ќе биде променливо облачно време. Попладне, според најавите на синоптичарите, пак ќе следи локален пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе достигне до 14-тиот, а максималната до 30-тиот степен. Слично време ќе преовладува и на подрачјето на целата земја. На повеќе места ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните и североисточните делови од земјава. Утринската температура ќе биде во интервал од 11 до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 17 до 31 степен.
Претходна вестФер избори ќе си ветат денес партии
Следна вестНачинот на кој се гради паркот во Карпош 4 може да е погубен за системот за вода