Малолетно 16-годишно девојче од Скопје вчера биле приведено од страна на полицијата заради тоа што кај неа била пронајдена марихуана. Полицијата информира дека таа била запрена на булеварот „Гоце Делчев” по што при
претресот и е пронајдена ова опојна дрога. Но, освен овој случај, марихуна вчера била пронајдена и кај друг
малолетник.
-Полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Анри Барбис”, лишиле од слобода 17-годишен малолетник затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Освен овие имало и уште две други акции во кои се приведени лицата заради поседување на оваа дрога.
-Синоќа пред полноќ во Градскиот парк бил приведен Л.Ј.(25) кај кого била најдена марихуана, а за истото дело на ул.„Бледски договор”, е приведен и К.С.(31) од Скопје. И за нив по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира полицијата.