Полицијата вчера успеала да ја уапси 65-годишната Б. П. од Скопје која се барала за издржување на затворската казна. Во информацијата на МВР се наведува дека таа е упасена на улица “Гостиварска” на подрачјето на Ѓорче Петров.
-Таа се барала по потерница за издржување на казна затвор во траење од 17 години за сторени кривични дела “измами” и “даночно затајување”. Потоа била спроведена во Казнено поправната установа „Затвор Идризово” на издржување на казната, информира полицијата.