За министерот Филипче е поважно да статира во спотови на Зоран Заев отколку да работи на запирање на вирусот, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што се наведува во партиското соопштение, додека Филипче тера партиска кампања, се појавува на митинзи и се препукува политички, во Македонија коси епидемијата на корона вирусот.
-Откако Филипче и здравствените власти ги олабавија мерките по нарачка на Заев, во Македонија настана новиот пик. Во овие дваесетина дена бројот на заболени се зголеми двојно во споредба со целиот период претходно, истакнуваат од партијата.
Од таму додаваат дека Заев е изгубен политичар и, како што велат, колку порано замине од власт, толку подобро за сите во Македонија.