Од 10 скопски општини во 9 има повеќе од 100 активни случаи на вирусот, најмногу во Чаир – 435

Бројот на активни случаи на заразени од корона вирусот во Скопје изнесува 2007 лица, при што Чаир е и натаму општина со најмногу лица кои се инфицирани со вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство. Во објавените податоци, заклучно со денеска, се гледа дека од вкупно десет во дури девет скопски општини има повеќе од 100 заболени.

По Чаир каде има 435 лица заразени со вирусот, општина Гази Баба има најмногу – 171, а потоа следат Аеродром – 160, Бутел – 155, Карпош – 157, Сарај – 153, Центар – 139, Кисела Вода – 118 и Ѓорче Петров – 115. Општина Шуто Оризари е со најмалку заболени – 81.

Во околните општини најмногу заболени се во Студеничани – 101, Арачиново – 53,       Илинден – 33Петровец – 19, Чучер Сандево – 17, Сопиште – 12, Зелениково-2.

Има и двајца заболени странци, а се уште нераспределени се 84 заболени лица.

Претходна вестМигранти скокале од камион за да не се угушат додека демирхисарец ги шверцувал
Следна вестЕУ ги отвора границите за 15 држави, но не и за Македонија