Аптекарката викала и побегнала, побегнал и разбојникот кој сакал да ја ограби

Неуспешен обид за разбојништво во аптека во Тетово. Имено, вработена во тетовска аптека со викање најверојатно успеала да уплаши непознато лице кое се обидело да изврши кражба во објектот.

Откако аптекарката добила закана и и биле побарани парите од касата, таа почнала да вика и побегнала од аптеката, по што без да земе нешто заминало и машкото лице.

-Ноќеска во 1 часот, 47-годишната тетовка А.С.Ѓ. во СВР Тетово пријавила дека околу 22 часот во аптека на улица „29 Ноември“ непознато лице и се заканило и ги побарало парите од касата. Меѓутоа, според пријавеното, откако таа избегала од објектот и почнала да вика, лицето заминало без да земе ништо, соопшти СВР Тетово

Полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестКрик за „Треска“
Следна вест126 нозаразени – најмногу во Скопје и Тетово, починаа четири пациенти