Превртување на трактор кобно за две деца

Превртувањето на тракторот било фатално при вчерашната трагедија во струмичко во која настрадале две деца. МВР денеска соопшти дека несреќата се случила на локалниот пат Добрејци и Пиперово.

-На 29.06.2020 во 15:15 часот било пријавено дека 15-годишник од село Добрејци и 14- годишник од с.Пиперево со трактор „ИМТ 539“, кој го управувал 14 годишникот, се упатиле кон место викано „Таре“ на реката Струмица за да ловат риби. Во еден момент, тракторот се превртел и паднал во реката, а малолетниците се удавиле. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица – информира МВР.

Претходна вестЗгасна СЈО, многу се очекуваше од него, многу разочара
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: За Филипче е поважно да статира во спотови на Заев отколку борбата со вирусот