Агресивно однесување и нарушување на јавниот ред и мир било причина за приведување на син и мајка во скопската полициска станица Карпош. Полицијата информира дека прво бил приведен 22-годишниот С.Л.
-Тој во 3.50 часот на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Бледски договор“, бил под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници, се наведува во информцијата.
По ова во 6.10 часот во просториите на полициската станица Карпош дошла мајка му Л.Н.Е. (45).
-И таа го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување, бидејќи не ѝ било дозволено самоволно и без дозвола да влезе во просторија каде бил нејзиниот син С.Л., кој бил претходно приведен. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира полицијата.