Единаесетгодишното дете било жртва на напад од 39-годишен скопјанец прексиноќа во населбата Влае, информира МВР.
–На 29.06.2020 во 20.20 часот во СВР Скопје, Ј.Д.(48) од Скопје пријавил дека на 28.06.2020 околу 20.30 часот на детско игралиште на ул.„Влае“, неговиот 11-годишен син бил физички нападнат од О.А.(39) од Скопје, се наведува во информацијата на полицијата.
Во извештајот не се наведува дали детето се здобило со повреди при физичкиот напад. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ .