И денеска во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, најавуваат синоптичарите. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 36 степени.
Слично време се очекува и на подрачјето на целата зeмја при што во попладневните часови во планинските предели не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека ув-индексот ќе се движи од 9 до 10.
Од утре се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град во попладневните часови.