„Пејсажни фасцинации 20“: прв проект на Национална галерија оваа година

Галериите се обидуваат да се вратат во нормала. Иако тоа е тешко на сите нивоа од општествените случувања, но сепак, согласно препораките мора да се почне и да се работи. Првиот проект за оваа година е „Пејсажни фасцинации 20“ на Атанас Атанасоски.

Тој сe надоврзува на неговите претходни проекти, во кои концепцијата се темели на монохромијата, минимализмот, математиката – геометријата… Основниот материјал на овој проект е трновита вегетација која по бербата ја задржува цврстата структура и колорит. Градбата е веќе почната во поткуполниот простор на големата галериска сала во Чифте амам.

Инсталацијата ќе ја сочинуваат неколку сегменти, кои во повисокиот дел ќе завршуваат во кружна форма следеjќи ја куполнатa форма. Кругот како омеѓување на куполата ја изразува комплексноста на човекот во сите негови аспекти и космичкиот видокруг, кој ќе се манифестира како стилистички факт на просторни метафори и откривање на галактички светови, известија од Националната галерија.

Претходна вестРодителите ќе си плаќаат градинка во Аеродром, нивното барање не беше ни ставено на дневен ред
Следна вестСонцето ќе пржи, УВ-индексот и до 10