Сонцето ќе пржи, УВ-индексот и до 10

И денеска во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, најавуваат синоптичарите. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 36 степени.

Слично време се очекува и на подрачјето на целата зeмја при што во попладневните часови во планинските предели не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека ув-индексот ќе се движи од 9 до 10.

Од утре се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град во попладневните часови.

Претходна вест„Пејсажни фасцинации 20“: прв проект на Национална галерија оваа година
Следна вестПочнува судењето за „Меѓународен сојуз“: Ќе прозборат ли Боки -13, Фросина Ременска…