Авторите на бајки можат да се пријавуваат на конкурсот за „Современи бајки од Македонија“ до 17 август

Почна конкурсот за новосодзадени бајки „Современи бајки од Македонија“ и ќе трае до 17 август. Заинтересираните автори треба да испратат текст со најмногу 6500 карактери или 1200 зборови што одговараат на три и пол страници во „Ворд“ (MS Word). Авторите треба да имаат предвид дека победничките бајки ќе се илустрираат, така што текстот треба да биде соодветен за натамошна креативна илустрација.

Авторите можат да конкурираат со своја автентична бајка или, пак, со креативна адаптација и прераскажување бајки од фолклорната традиција. Пристигнатите бајки на овој конкурс не смеат да бидат претходно објавувани. Заинтересираните автори треба да ги пратат своите бајки на адресата [email protected] најдоцна до 17 август 2020, а конкурсот е објавен на www.bravosine.mk, www.arslamina.com и www.literatura.mk.

Конкурсот е поддржан од движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“. Поединечната награда за откуп на авторските права за една бајка ќе изнесува 25.000 денари.

Претходна вестШилегов на 17 јуни: „Лајка“ се отвора за една недела; Шилегов на 2 јули: „Лајка“ се отвора за кратко време
Следна вестЌе се затворат ли границите кон Србија и Косово?