Концерт на Дуња Иванова вечерва пред МКЦ

Електроакустичен концерт на пијанистката Дуња Иванова – вака стои на веб страната на Младинскиот културен ценатр за најавата на вечерашното случување со почеток во 21 часот. Солистичкиот концерт ќе бидеисполнет со музиката на германскиот композитор Макс Рихтер и делата на македонската авангардна композиторка Ана Пандевска.

На програмата се композициите за соло пијано на Рихтер меѓу кои: Andras, The Family, Departure, Infra 3 напишани во минималистички манир како и музиката за пијано и трака на Пандевска како: Landscape atmosphere, Life in a box и Квази Бурлеска.

Публиката ќе биде во ограничен број, следењето на концертот на предвидена дистанца и со заштитна опрема во согласност со протоколите одредени од Министерството за здравство.

Претходна вестЗарем осредно силни ветрови ќе откорнуваат фасади?
Следна вестСончево со повремен засилен северен ветер