Промоција на „Порој од пепел“ вечерва во МКЦ

Вечерва со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен ценатр ќе биде промовирана четвртата стихозбирка „Порој од пепел“ на младиот автор Исток Ј. Улчар.

Стиховите ќе ги читаат: Лазар Христов и Сергеј Димовски, а музичката подлога е на Александар Скрјабин/Немнтин – „Мистериум: Уводно дејство (Подготовка за конечната мистерија)“. Промоцијата, велат организаторите ќе биде реализирана по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита.

Инаку, Исток Ј. Улчар е роден на 11.9.1996 година во Скопје. Од 2014 досега се објавени четири негови книги поезија. Негови песни и расказ се застапени во неколку избори на дела од млади македонски и ексјугословенски автори. Неговите песни се преведени на српски, на унгарски и на англиски јазик.

Претходна вестСончево со умерен ветер
Следна вестНегативен тест од денеска услов за влез на државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ