Сончево со умерен ветер

Сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Ова е генералната прогноза за времето денеска во Македонија.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До петок времето ќе биде стабилно, а за време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд. Од недела ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе предизвика повторно опаѓање на температурите.

Претходна вестШто требаше, а „заборавија” да кажат пред избирачите
Следна вестПромоција на „Порој од пепел“ вечерва во МКЦ