Денеска е Иванден – денот кога се родил Јован Крстител

Според верскиот календар денеска е еден од најголемите христијански празници – Иванден. Имено денеска е роден Свети Јован Претеча и Крстител Господов.

Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божиќ, денот поврзан со зимскиот солстициј, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празници ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред се со сонцето.

Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло сонцето или дека се превртувало три пати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината.

Претходна вестПредизборна порака до функционерите од граѓаните: Барем да работевте колку што се сликате!
Следна вестПроменливо облачно со засилен ветар