Променливо облачно со засилен ветар

Променливо облачно со услови за повремен локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Ова е денешна прогноза на метеоролозите за скопското подрачје.

Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.

Облачно време се очекува и на подрачјето на целата земја, со повремен локален дожд и појава на грмежи, особено во претпладневните часови и околу пладне.

Синоптичарите очекуваат дека од утре ќе настапи период на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Максималните дневни температури ќе се искачуваат до 34 степени.

Претходна вестДенеска е Иванден – денот кога се родил Јован Крстител
Следна вестШилегов оздраве од корона вирусот