Шилегов оздраве од корона вирусот

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов оздраве од корона вирусот и од денеска им се враќа на редовните обврски. Ваквата информација тој синоќа ја споделил на Фејсбук , откако на 20 јуни соопшти дека е позитивен.

Почитувани, вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид 19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен. И официјално, невидливиот противник е победен. Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната подршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена, напиша тој.

Шилегов апелира до граѓаните да се придржуваат до превентивните мерки против опасниот вирус.

Претходна вестПроменливо облачно со засилен ветар
Следна вест444 лица казнети за несосење заштитна маска