Граѓаните пак побараа „Правда за Кољо“, го слушнаа ли тоа судиите и власта?

„Судство за пари“, ова го извикуваа синоќа насобраните граѓани околу мотото „Правда за Кољо“. Тие повторно дефилираа по булеварите на Аеродром и завршија пред судските згради спроти ректоратот.

Граѓаните протестираа незадоволни од изречената тригодишна затворска казна за убиецот на 17-годишно момче од Ново Лисиче Никола Христовски во август минатата година. Јасно побараа делото „убиство во миг“ да се преквалификува во „убиство“ и да се врати случајот на повторно судење. 

-Повеќето што протестираат се млади, ја гледаат неправадта и сакаат таа да се исправи. Јас како родител ги подржувам, оти секое дете е важно и за секое дете треба да се бориме. Судиите ја кршат вербата во правдата, ни рече еден од повозрасните кои протестираа пред судот.

Насобраните изразија и чудења и зошто сега ги нема сите оние лица кои порано одеа по улиците извикувајќи: Нема правда – нема мир“. Се прашуваа дали се тоа било само политиканство.

За потсетување, претходно имаше и други големи собири на граѓани во Аеродром кои изразија незадоволство од судска одлука. Тие сметаат дека сето тоа е и поради политиката.

-За искубана коса на една сдсмовка осудија човек на 4 години затвор, за убиство на дете истиот суд досуди само три години затвор. Ова ли е правдината која дојде во Македонија со оваа власт? Ова ли ќе биде иднината на земјата и младите, ни истакна тогаш едно лице од оние кои протестираа.

Синоќа беше најавено дека собирите и барањето на правда ќе продолжат и во иднина.

Претходна вестФилипче: Се подготвуваме за есен – ќе се поставува модуларна амбуланта до Пулмологија
Следна вестКако ли успеал да напика 211 мигранти во камион кај Гевгелија?