Филипче: Се подготвуваме за есен – ќе се поставува модуларна амбуланта до Пулмологија

Корона вирусот ја дрма Македонија. Министерството за здравство се подготвува за есенски бран. Оваа подготовка ја обзнани Венко Филипче во однос на болничките капацитети и преку организирање на системот на ротации на кадарот.

Тој информираше дека е завршена инсталацијата за централен довод на кислород во монтажната модуларна болница која има капацитет од 72 болнички легла и во која се планира да работи тим од Институтот за туберкулоза, како и дека завршена е постапката за нова модуларна амбуланта која ќе биде во близина на Клиниката за пулмологија.

– Поставувањето на новата монтажна амбуланта ќе биде со цел оние пациенти кои имаат било каква белодробна симптоматологија целосно се одделат од сите други пациенти, па дури и во амбуланскиот дел да се направи тријажа на пациентите. Со ова, ќе се растерети амбулантата којашто сега ја користат повеќе интернистички клиники, а каде што влегуваат и пациенти со белодробни заболувања. Ова е важно за наредниот период, а доаѓаат есенски месеци, во кои што бројот на пациенти со белодробни заболувања значајно се зголемува, истакнува министерот Филипче.

Министерот потенцираше дека останува претпоставката дека на есен вирусот побрзо и посилно ќе се шири и нема да може луѓето да бидат надвор, ќе бидат повеќе во затворени простории.

-Имав средба со повеќе директори на повеќе болници во изминатите денови, во Штип, во Охрид, во Битола. Разговараме и ги разгледуваме евентуално дополнителните капацитети кои би можеле да се користат како болнички. Има неколку студентски домови во Охрид и во Битола во кои може да се сместуваат пациенти, но тоа е прашање кое треба да се договори и со Министерството за образование и наука, рече министерот Филипче.

Претходна вест444 лица казнети за несосење заштитна маска
Следна вестГраѓаните пак побараа „Правда за Кољо“, го слушнаа ли тоа судиите и власта?