По четири дена откако се случила кражбата, скопјанец пријавил дека му е украдено патичкото возило „Мерцедес МЛ-320“ во Шуто Оризари.
МВР денеска соопшти дека скопјанецот Н.М.
(64) кражбата ја пријавил вчера во 11.55 часот.
-Тој пријавил дека на 02.07.2020 во период од 11.45 до 19.30 часот, на паркинг пред маркет на ул.„Индира Ганди“, едно лице му одземало паркирано патничко возило „Мерцедес МЛ-320“, со скопски регистарски ознаки.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

