Опадна бројот на активни случаи на Ковид-19 во сите скопски општини

Во сите десет скопски општини денеска е забележано намалувањето на бројот на активни слушаи на Ковид-19. Ова се должи на големиот број од 125 излекувани пациенти во Македонија од кои дури 82 лица се од Скопје.

Активни случаи во Чаир денеска има 373 што е за 25 помалку отколку вчера кога имаше 402 активни носители на вирусот. Опадна и бројот на заболените во Гази Баба и од вчерашните 201 тој денеска изнесува 192, додека во Бутел од 170 падна на 167. Намалување за осум случаи во однос на вчера е забележано и во Карпош – од 166 на 158, а во Сарај од 150 на 140. Општина Аеродром има 154 заболени, еден помалку од вчера, во Центар има 144 активни, а вчера биле 149, Кисела Вода има 108 што е за два помалку, додека во Ѓорче Петров бројот се намали од 115 на 109. Шуто Оризари сега има 91 заболен, четири помалку од вчерашниот биланс.  

Во други општини состојбата е следна: Студеничани – 107, Арачиново – 50, Илинден – 32, Петровец – 17, Чучер Сандево – 18, Сопиште – 9, Зелениково-8, Странец – 2 и Нераспределен- 62. Инаку, на подрачјето на Скопје вкупно активно болни се 1941 пациент.

Претходна вестВториот бран не спласнува: 120 новозаразени и пет починати пациенти од вирусот
Следна вестКазни од скоро 550.000 евра платиле граѓаните поради неносење маски, има ли ефект?