Повредени две лица од удар со автомобил. Имено, автомобил удрил во 69-годишна жена и 10-годишно дете од Радовиш.
Во несреќата, која се случила вчера на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш, со тешки телесни повреди се здобило девојчето, а со телесни повреди се здобила П.Б., констатирани во ЈЗУ-Радовиш, каде биле пренесени за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.