Градскиот пајак собрал 143 возила

20

Во текот на изминатата недела (25.06 – 01.07.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати вкупно 143 возила од јавните површини, соопшти денеска Градот Скопје.

– Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 33 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 110 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице,се наведува во информацијата.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 166 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг- услуга. Од нив, 33 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМаска не носело 461 лице, ќе платат казна од 20 евра
Следна вестТешко повредени дете и жена, ги удрил автомобил