Тешко повредени дете и жена, ги удрил автомобил

Повредени две лица од удар со автомобил. Имено, автомобил удрил во 69-годишна жена и 10-годишно дете од Радовиш.

Во несреќата, која се случила вчера на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш, со тешки телесни повреди се здобило девојчето, а со телесни повреди се здобила П.Б., констатирани во ЈЗУ-Радовиш, каде биле пренесени за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Претходна вестГрадскиот пајак собрал 143 возила
Следна вестДржавата нема јасна стратегија за развој на талентите