А ѓубрето во Вардар кога ќе се чисти или само галиите пречат?

Галиите во Вардар ќе отпловат неповратно. Така најавува градоначалникот Петре Шилегов кој вели дека сака да воведе ред.

И кога ќе се дислоцираат (засега се најавува за две) галии, ќе се види дека тие не се единствена пречка – опасност за излевањето на Вардар. Не се ниту единствената вишок работа во реката. Напротив, Кога ќе ги снема овие објекти, тогаш уште подобро ќе се види она што и сега е видливо: главната опасност од поплави и главното ругло во Вардар е неисчистеното корито на реката.

Па колку пати среде центарот, околу Камениот мост се прават смешно-грди островчиња обраснати со трева, а на кои потоа се наталожуваат купишта гранки, летви, пластични шишиња, па дури и рамки за врати, дрвени калеми за електрични кабли и некој фрлен шпорет?

Поминал ли Шилегов на потегот од салата во Карпош до салата во Аеродром за да види што се друго треба да се исчисти од Вардар?

На коритото на Вардар му треба темелно чистење, а не повремени појавувања на багери кои ќе соберат ѓубрето и потоа ќе ги снема. Заради тоа, во периодот кога ќе се демонтираат галиите треба да се работи и на коритото.

Патем, дотогаш би требало и конечно да заврши преправањето на панорамскиот мост во пешачки, а што никако да заврши.

Претходна вестПреписка на Шилегов и Силјановска: Извини Петре на крај памет не ни текна дека е можно нешто ти да си направил
Следна вестСЗО: Епидемијата во светот се влошува, не слабее