Преписка на Шилегов и Силјановска: Извини Петре на крај памет не ни текна дека е можно нешто ти да си направил

Предизборна кампања е, па политичарите се се поактивни на терен. Ултра се активни и на социјалните мрежи. Да не биде покусо, иако тој не е во изборниот процес, често пишува на Фејсбук и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Па така вчера ставил тој фотографија од предизборна активност на професорката Гордана Силјановска која е на листата на ВМРО-ДПМНЕ и напишал:

-Се чудам, што не отидоа на галиите да прават средба ? Или на плажите на Вардар ? Зашто баш во парк Ибни Пајко отидоа ? Сигурно им се свиѓа, ама ете, суети, па не сакаат да признаат. Се надевам дека барем им текнува каков хаос од див пракинг беше ова место до пред една година …

П.С. За колите што се на диво влезени, известено е МВР. Бидејќи знам дека НаЧе нема да ви пише казна, јас ќе се потрудам да бидете казнети. Законот е еднаков за сите, нели професорке ? Или не знаете дека е забрането во парк со возила да се влегува ?

П.П.С. Пазете на некоја шајка да не седнете, напишал Шилегов.

Неговите подржувачи веднаш тргнале да му ставаат лајкови. Но има и такви кои го потсетуваат и му набројуваат што се не направил во Скопје, а ветуваше.

По кратко време, на Фејсбук му одговорила и професорката Силјановска:

-Петре, извини, нема да се повтори. На крај памет не ни текна дека е можно нешто ти да си направил. Освен плочникот во Маврово и пасиштето на плоштад. А и да си направил, парковите не се партиска сопственост, напишала професорката.

Дали има уште преписка, немавме време да погледнеме. А и скопјани и пишале на професорката, да не му обрнува внимание на Шилегов и да си ја тера работата.

Претходна вестДржавата нема јасна стратегија за развој на талентите
Следна вестА ѓубрето во Вардар кога ќе се чисти или само галиите пречат?