Бранот станува цунами: 15 починати, 173 новозаразени од корона вирусот

Најголем број на починати лица во еден ден од корона вирусот забележен е во изминативе 24 часа во Македонија. Министерството за здравство пред малку соопшти дека се починати дури 15 лица.

-Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар, се наведува во информацијата.

Досега, најголем број на пациенти, односно 12, починаа на 29 јуни.

Во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19. Од нив, најмногу се во Скопје 75  а потоа следат: Куманово 9, Дебар 6, Штип 8, Прилеп 6, Тетово 9, Струга 14, Велес 3, Охрид 10, Кавадарци 3, Гостивар 7, Гевгелија 2,Струмица 1, Крушево 1, Кочани 4, Пробиштип 1, Берово 1, Валандово 1, Свети Николе 6, Кичево 3 и Ресен 3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти: во Скопје 105, Куманово 1, Штип 7, Тетово 12, Струга 10, Велес 1, Охрид 4, Гостивар 1 итн.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6625, бројката на оздравени пациенти е 2748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3556, информира Министерството.

Досега во Македонија се направени вкупно 63.383 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Претходна вестМенувам канал при дебатни емисии со чести соговорници чии ставови ги знаеме на памет
Следна вестСкопјанец во камион превезувал 26 мигранти, доби кривична пријава