Силно погодената Италија од корона пандемијата се созеде и од денеска забранува влез на нејзина територија од 13 земји за кои процени дека имаат премногу случаи на Ковид-19. На списокот е и Македонија чии здравствени власти се фалеа дека добро се справуваат со првиот бран кој ја разори Италија.
На списокот, составен од Министерството за здравство на Италија се: Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Босна и Херцеговина, Чиле, Кувајт, Македонија, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република.
– Забраната се однесува на сите што престојувале во тие земји или поминале низ нив во изминатите 14 дена, изјави министерот за здравство Роберто Сперанца.
Патниците од сите други земји надвор од Европската унија и Шенген-зоната можат да влезат во Италија, но по пристигнувањето тие мора да поминат 14 дена во карантин.