Менаџментот на конфекцијата „Мода“ од Свети Николе реши привремено да престане со работа. Причината е детектираното ширење на корона вирусот.
Најавено е дека врз сите 830 работнички ќе се спроведе тестирање за присуството на корона вирусот со цел утврдување на точната бројка на заболени лица и спречување на ширењето на заразата.
Инаку, вкупната бројка до денеска на заболени од Ковид-19 во Свети Николе е 79 лица.