Сончево време со мала до умерена облачност и ветровито, ќе дува умерен до засилен северен ветер, прогнозираат за денеска метеоролозите за скопското подрачје. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 27 степени. Сончево со мала до умерена облачност ќе биде и на подрачјето на целата земја.
Минималната температурара ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во вторник времето ќе биде сончево со пониски утрински температури, а потоа ќе се задржи сончево и потопло време но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.