Ни педесетина дена не траеше исчистениот постамент на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк. Долниот дел од споменикот веќе 7-8 дена повторно е ишаран со најразлични чкртаници направени со авто-спрејови.
Долниот но и горниот дел од постаментот повторно даваат грда слика, недостојна за обележјето на најголемиот македонски револуционер.
Вака ишаран, дури и повеќе, споменикот беше и на саниот 4ти мај – денот на загинувањето на македонскиот херој. Наместо да го исчисти Град Скопје, тоа го направија припадниците на навивачки групи од Скопје и од Тетово.
Но, сето тоа траеше кусо време. Споменикот повторно е вандализиран, а сторителите не се познати. Прашање е дали некој воопшто и ги бара.
И повторно, никој од надлежните ниту сега не мрднува за да се исчисти споменикот за што сигурно не треба повеќе од еден час. А споменикот е на само 150 метри од седиштето на градоначалникот Петре Шилегов.