Вкупно 237 граѓани ќе бидат санкционирани заради неносење на заштитни маски во ситуации каде таа е задолжителна, соопшти МВР за изминатово деноноќие. Казната за неносење маска, марама или шал на лицето и носот е 20 евра во денарска противвредност.
Од МВР апелираат да се почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за заштита од ковид-19.