Пак споменикот на Гоце Делчев е вандализиран, пак надлежните не го средуваат

Ни педесетина дена не траеше исчистениот постамент на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк. Долниот дел од споменикот веќе 7-8 дена повторно е ишаран со најразлични чкртаници направени со авто-спрејови.

Долниот но и горниот дел од постаментот повторно даваат грда слика, недостојна за обележјето на најголемиот македонски револуционер.

Вака ишаран, дури и повеќе, споменикот беше и на саниот 4ти мај – денот на загинувањето на македонскиот херој. Наместо да го исчисти Град Скопје, тоа го направија припадниците на навивачки групи од Скопје и од Тетово. 

Но, сето тоа траеше кусо време. Споменикот повторно е вандализиран, а сторителите не се познати. Прашање е дали некој воопшто и ги бара.

И повторно, никој од надлежните ниту сега не мрднува за да се исчисти споменикот за што сигурно не треба повеќе од еден час. А споменикот е на само 150 метри од седиштето на градоначалникот Петре Шилегов. 

Претходна вестПочна изборниот молк и гласањето на заболените од Ковид-19 и лица во изолација
Следна вестСанкција од 20 авра за 237 граѓани, не носеле маски