Од ВМРО-ДПМНЕ на последната прес конференција вечерва рекоа дека изборната трка е многу тесна и до утрово ќе се знаат точните бројки.
-Нашата партија влегува во трка за составување мнозинство за формирање влада, истакна Игор Јанушев.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ победила во голем број градови и населени места низ Македонија.