Чулев: Приведени се осум лица, биле фотографирани ливчиња…

Денешните предвремени парламентарни избори, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ги оцени како фер и демократски.

– Генералната оценка на Министерството за внатрешни работи е дека изборниот ден главно минал во мирна и демократска атмосфера и покрај тоа што се одржаа во тешки услови на пандемија. Заклучно со 20 часот на подрачјата на сите осум сектори за внатрешни работи во текот на денешниот ден од отворањето на гласачите места вкупно биле евидентирани 151 настан, од кои што 31 настан во наодите по пријавите не се потврдени, додека констатирани се 9 прекршоци, посочи министерот Чулев.

Три настани се по член 16, лажно пријавување на настан или повикување на помош со цел да излезе службено лице, потоа 3 прекршоци од Изборниот законик и по еден прекршок по член 4 викање и карање на јавно место и член 14 односно постапување противно на наредба на службено лице.

– Поради расчистување на настани приведени се 8 лица од кои четворица за фотографирање на гласачкото ливче, три лица за сторени прекршоци, како и едно лице кај кое биле пронајдени две гласачки ливчиња, истакна министерот.

Претходна вестOдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто
Следна вестЈанушев: ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за составување мнозинство за влада